Day: June 1, 2024
-

Холандија и подари на Украина 24 авиони Ф-16: „Употребата не е ограничена“
Холандија дава 24 ловци Ф-16 на украинските воздухопловни сили што ќе може да ги користи и против цели во Русија. „Ограничувањата за тоа каде Украина може да ги користи никогаш не беа дискутирани“, рече холандската министерка за надворешни работи Ханке Бруинс СлотБруинс Слот, додавајќи дека употребата не е ограничена ни на границата во близина на…
-

Сиљановска Давкова во Охрид се сретна со македонскиот атлетичар Дарио Ивановски
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Билјана во Охрид се сретна со македонскиот атлетичар на средни и долги патеки, маратонецот Дарио Ивановски, којшто утре ќе се натпреварува на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“. Претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски и неговиот тренер, мајорот Игор Јакимовски за пласманот…
-

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село
На традиционалниот семеен ден на Макстил годинава се приклучија 20 згрижувачки семејства со 60тина деца од СОС Детското село. Од оваа година Макстил стана нов стратешки партнер на СОС Детско село и зеде под закрила една од згрижувачките куќи, обезбедувајќи целосно покривање на трошоците за пет деца и нивното згрижување во текот на цела година.…
-

Претседателски избори на Исланд, тесна трка меѓу три жени
Исланд денеска го избираасвојот седми претседател, а се очекува тесна трка меѓу три жени, пишува германската агенција ДПА. Исклучително популарниот претседател Гудни Јоханесон повторно не се кандидираше. Тој ја извршуваше таа функција од 2016 година, а беше реизбран во 2020 година кога освои 92 отсто од гласовите. Поранешната премиерка Катрин Јакобсдотир е една од фаворитите.…
-

Започна полагањето на државната матура
Со тест по мајчин јазик, вкупно 14.834 ученици го започнаа полагањето на државната матура во учебната 2023-2024 година. По овој повод, министерот за образование и наука Јетон Шаќири ги посети струшките средни училишта „Нико Нестор“ и „Др. Ибрахим Темо“ каде, посакувајќи им успех на матурантите, рече дека очекува процесот да помине во најдобар ред, затоа…
-

Силен земјотрес го погоди Чиле
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер го погоди денеска регионот Антофагаста во Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од 118 километри, додава EMSC. Епицентарот на земјотресот бил на 190 километри од градот Икике, кој има 227.000 жители.
-

Кварацхелија посакува трансфер во ПСЖ
Пари Сен Жермен го повлече првиот потег и ќе се обиде во преодниот рок да го ангажира, Квича Кварацхелија. Италијанските медиуми тврдат дека напаѓачот изразил желба да се пресели во Париз. Наполи во новата сезона ќе влезе со нов тренер. Антонио Конте ќе застане на чело на тимот, но тој веднаш ќе се соочи со…
-

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор
Во рамки на криминалистичка истрага која од декември 2023 се спроведуваше по насоки на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, во текот на ноќта во голема заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, САЕ Тигар и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија беа…
-

Очекувано: Акоста се сели во КТМ
КТМ Рејсинг потврди дека Педро Акоста од наредната сезона ќе вози за фабричкиот тим. Младиот Шпанец со КТМ потпишал повеќегодишен договор. Акоста, познат и како ‘Ајкула’, од почетокот на кариерата ги брани боите на австриската компанија, а од дебито во кралската класа за Гас Гас го привлече вниманиетот на сите љубители на мотоциклизмот. Младиот Шпанец,…
-

Нетанјаху: Нема да има траен прекин на огнот во Газа додека Хамас не биде уништен
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека нема да има траен прекин на огнот во Газа додека не се уништат воените и управувачките способности на Хамас. Неговите коментари во соопштението објавено на интернет дојдоа откако американскиот претседател Џо Бајден рече дека Израел предложил трифазен договор за прекин на огнот во Газа во замена за ослободување…