Day: June 2, 2024
-

(Видео) Се’ уште се трага по тројцата млади луѓе во Италија кои ги однесе реката додека стоеа прегрнати, најдена чантата на една од девојките
И втората ноќ од потрагата заврши без резултати во Премариакo, Италија, каде реката Натисон во петокот однесе тројца млади луѓе: Патриша (20), Бјанка (23) и Кристијан (25). Потрагата на пожарникарите и Цивилната заштита продолжува, со прелети на хеликоптери кои почнаа во зори. На местото на исчезнувањето се и родителите на тројца млади, како и психолог.…
-

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната…
-

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа
Адвокатите на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, изјавија за „Би-Би-Си“ дека ништо нема да се промени во неговата кандидатура за нов претседателски мандат и покрај тоа што беше осуден по историското судење во Њујорк. Трамп во четвртокот беше прогласен за виновен за фалсификување деловни досиеја за да ги прикрие плаќањата на поранешната порно…
-

(Видео) Фотографија на годината: Белингем ја сликаше мајка си со Мурињо
Невообичаено интересна сцена по финалниот натпревар од Лигата на шампионите во Лондон. Еден од најдобрите актери на финалето на Вембли, 20-годишниот Џуд Белингем по мечот најпрвин ја прослави титулата со соиграчите, потоа ја сподели радоста со братот и мајка си, а потоа отиде директно кај Жозе Мурињо и побара од него услуга: „Го замолив Жозе…
-

ВМРО-ДПМНЕ: 12 директори на Хирургија и министерот Илир Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена
„12 директори на Хирургија и министерот Илир Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена. Повеќе од две недели пациенти ширум државата трпат последици од неможноста врз нив да биде направен медицински хируршки зафат. 15 дена директорите на Хирургија и министерот Демири не прават ништо да го санираат проблемот…
-

Три хороскопски знаци во кои се раѓаат психички најсилните луѓе
Сите ние понекогаш се соочуваме со предизвици кои ја тестираат нашата ментална сила. Но, некои од нас се справуваат со овие предизвици со неверојатна леснотија и решителност. Ако некогаш сте се запрашале кои луѓе поседуваат непоколеблива ментална сила, ѕвездите ги имаат одговорите. Во овие хороскопски знаци се родени психички најсилните луѓе. Шкорпија Не е тајна…
-

Седум лица под истрага за улична продажба на дрога во Скопје
Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица осомничени за дејствија на Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Двајца од нив се осомничени за продолжено извршување на кривичното дело, додека еден за помагање. Од декември 2023 година, во…
-

Фестивал за домување: Домувањето мора да биде достапно за секоја категорија на граѓани
Вчера, по втор пат се одржа Фестивалот за домување во паркот на Франкофонија во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и Организацијата за домување и станари. На овој фестивал, учество зедоа експерти од Шведска, Германија, Белгија и Меѓународната унија на станари кадешто дискутираа за унапредувањето на домувањето во Северна Македонија и се отворија…
-

(Видео) Се урна зграда во Истанбул, неколку лица заробени под урнатините
Неколку луѓе се затрупани под урнатините откако утрово се урна зграда во истанбулскиот кварт Кучукчекмеџе. На терен се пожарникарите, полицијата и здравствени работници, а засега не се познати причините за уривањето на објектот, пренесува „Хабертурк“. #SICAKHABER – Küçükçekmece’de bina çöktü. Enkaz altında kalanlar olduğu belirtiliyor. pic.twitter.com/I4RGqKGvKf — Habertürk TV (@HaberturkTV) June 2, 2024 Во тек…
-

Уапсени, па ослободени со кауција осум деца за силување малолетничка во Британија, меѓу нив и 12-годишник
Британската полиција денеска уапси уште четири лица во Нотингемшир под сомнение дека силувале малолетничка, меѓу кои 12-годишно и 13-годишно дете, и двајца 14-годишници. Полицијата во Нотингемшир објави дека сите четворица малолетници се ослободени откако платиле кауција со строги услови, пишува Гардијан. Полицијата во Нотингемшир добила пријава дека тинејџерка била нападната на игралиште на Јорк Драјв…