Day: June 3, 2024
-

Сиљановска Давкова со францускиот амбасадор Бомгартнер: изразена надеж дека историските прашања, стари и по сто години, нема да го преземат приматот на реформите
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Француската Република, Сирил Бомгартнер. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, што се карактеризираат со традиционално пријателство, отворен и конструктивен дијалог и континуирано унапредување на соработката во мноштво сфери од заемен интерес. На средбата се разговараше за македонските аспирации за членство…
-

(Видео) Спасовски: СДСМ ќе ги почека законските предлози за реорганизација на министерства, ќе ги разгледа, па ќе донесе одлука дали ќе ги поддржи
Коориднаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во одговор на новинарски прашања во македонското Собрание информираше за заклучоците од координацијата на пратеничката група и кај претседателот на Собранието, на којашто главно, се дискутираше за конституирањето на комисиите, работните тела во законодавниот дом, делгациите и групите за соработка. Во однос на Законите кои што…
-

Тепачка во затворот „Идризово“: вработен бил нападнат од негов колега
Вработен во затворот „Идризово“ во полиција пријавил дека бил нападнат од негов колега. Имено, утрово во 01.55 часот, А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, вработен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека на 02.06.2024 околу 19.30 часот на работното место во установата бил физички нападнат од неговиот колега Х.Х. од Скопје. Полицијата соопшти дека се…
-

Тепачка во Скопје: неколку лица биле нападнати со тврди предмети
Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(18) од Скопје пријавил дека на 31.05.2024 околу 00.20 часот на подрачјето на Гази Баба, тој и С.Р.(19), В.П., Ѓ.Н. и Б.М.С., сите од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
-

Напад со нож на автобуска постојка: кривична за 18-годишник од Скопје
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ф.(18) од Скопје. Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство“. Имено на 06.03.2024 на автобуска постојка на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, пријавениот со нож му нанел убодни рани на А.Ј..
-

Скапо ги плати грешките, Окон ќе го напушти Алпин
Естебан Окон ќе го напушти Алпин на крајот од актуелната сезона. Францускиот тим има лоша сезона, а работите сериозно се вжештија по амбициозниот обид на Окон да го претекне тимскиот колега Пјер Гасли на Големата награда на Монте Карло. Окон удри во задниот дел од возилото на неговиот колега, го оштети своето возило и по…
-

Ученик донел бомба во училиште во БиХ
Полициските службеници од Полициската администрација Приедор дејствувале по пријава на директорот на основното училиште „Петар Петровиќ Нјегош“ во близина на Приедор, дека од страна на просветен работник на тоа училиште била одземена рачна бомба од еден ученик. Постапувајќи по пријавата, полицајците утврдиле дека се работи за бомбата „М75“ (т.н. црна бомба) без почетен дел за…
-

(Видео) Мбапе не знаејќи на јавноста и откри кога Реал ќе го објави неговиот трансфер
Килијан Мбапе кариерата ќе ја продолжи во дресот на Реал Мадрид. Напаѓачот утрово на францускиот претседател Емануел Макрон му открил кога трансферот ќе биде официјално потврден. Претседателот на Франција го посети кампот на националниот тим кој се подготвува за Европското првенство. На заминување разговараше со Мбапе. „Како си? Дали е потпишано?“, го праша Макрон францускиот…
-

Гаши на редовна координација во новиот собраниски состав: во фокусот конституирањето на комисиите и неформалните работни тела
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ја одржа првата редовна координација во новиот собраниски состав, на која, главно, се дискутираше за конституирањето на комисиите, како и на неформалните работни тела во законодавниот дом. На координацијата, покрај претседателот Гаши и генералната секретарка Цветанка Иванова, присуствуваа претставници на сите партии, односно коалиции кои освоија пратенички мандати на…
-

Ѓорѓиевски: Финализираме со проектот за реконструкција на сите улици во Усје
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети Усје. Во ова населено место, целиот изминат период интензивно се работи на обнова на патната инфраструктура. Улицата “5” е целосно реконструирана. Во моментот нов асфалт добиваат улиците “22” и краците на улицата ‘1”. Сите тие се стари по повеќе од 30 години и откако се направени, на нив не…