Day: June 3, 2024
-

Приказната за манекенката која тврдеше дека моќните јадат луѓе, па исчезна, повторно се актуелизира, објави „Дејли Мејл“
Сè започна со видеото од нејзиниот емотивен излив, кое брзо стана вирално, а подоцна дури и доведе до нејзино апсење. Мексиканскиот супермодел Габриела Рико Хименез имаше 21 година кога исчезна во 2009 година, откако јавно упати обвинувања за моќни луѓе. Нејзиното исчезнување е обвиткано со мистерија, а сега случајот повторно „оживеа“ во подкастот „Mexico Unexplained“.…
-

„Младите доаѓаат“ – концерт на новите музички таленти
Овој четврток (6 јуни) со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт насловен „Младите доаѓаат“, посветен на новите музички таленти од земјава. Под диригентство на маестро Ангел Спироски, на концертот ќе настапат ученици од музичките училишта од Скопје, Струга, Охрид и Битола. На програмата се инспиративни и комплексни дела од Ј.…
-

(Видео) „Мојот син Данило и моите браќа. Да живее Србија“ – Вучиќ објави снимка од кафанска прослава по победата на изборите
„Мојот син Данило и моите браќа. Да живее Србија“, пишува под видеото од прославата што претседателот на Србија, Александар Вучиќ, што го објави на својот Инстаграм профил. Локалните избори во Србија се одржаа во недела во 89 градови и општини. Според првите проценки, листата на СНС има најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад.…
-

Мареска го потпишал договорот со Челси
Поранешниот менаџер на Лестер, Енцо Мареска, договорил петгодишен соработка со Челси, објави инсајдерот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн. Според новинарот, Челси во наредните денови официјално ќе го претстави новиот тренер. Спортските директори на Челси, Пол Вајнстанли и Лоренс Стјуарт отпатуваа во Марбела на разговори со Мареска откако Лестер даде зелено светло. Откупната клаузула во неговиот договор…
-

Мексико доби претседателка на историските избори
Кандидатката на владејачката партија во Мексико, Клаудија Шејнбаум, победи на вчера одржаните претседателски избори, покажуваат излезните анкети. Мексиканците вчера излегоа на историски избори каде се очекуваше за прв пат да изберат жена за претседател. Шејнбаум (61) доби 57,8 отсто од гласовите, а нејзиниот најблизок противник, сенаторот од десниот центар Ксочитл Галвез, 29,1 отсто, покажуваат резултатите…
-

Кина: Toj што ќе се осмели да не’ раздели од Тајван ќе биде здробен на парчиња
Кинескиот министер за одбрана Донг Јун предупреди дека секој што ќе се осмели да бара независност на Тајван ќе биде здробен на парчиња и ќе се соочи со уништување. Тој ги обвини надворешните сили дека го вовлекле островот во опасна ситуација. Во говорот на дијалогот Шангри-Ла во Сингапур, најголемиот азиски одбранбен самит, Донг рече дека…
-

Земјотрес од 5,9 степени во Јапонија
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Јапонија, но не е издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот е на полуостровот Ното, кој веќе беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари во кој загинаа 230 лица. Според телевизијата NHK, локалните власти соопштија…
-

Израел до своите граѓани: Не патувајте на Малдивите
Малдивите најавија дека ќе забранат влез во земјата на сопствениците на израелските пасоши поради израелската војна против Хамас во Газа. Претседателската канцеларија на островската држава во Индискиот Океан, позната по своите луксузни одморалишта и бескрајните плажи со бел песок, го објави ова вчера преку соопштение за медиумите. Претседателот на Малдивите, Мохамед Муицу, одлучи да воведе…
-

Новата претседателка на Исланд е 55-годишна претприемачка
Претприемачката Хала Томасдотир (55) е победник на претседателските избори во Исланд и ќе ја преземе главно церемонијалната улога од актуелниот претседател Гудни Јоханесон, објави телевизијата RUV. Томасдотир освои 34 отсто од гласовите на саботните избори во северноатлантската земја, победувајќи ја поранешната премиерка Катрин Јакобсдотир, која се повлече од премиерската функција во април за да се…
-

Скалвини го повреди коленото, го пропушта ЕУРО
Фудбалерот на Аталанта Џорџо Скалвини, на последниот натпревар во сезоната доживеа повреда поради која ќе го пропушти Европското првенство и првиот дел од новата сезона. Скалвини (20), вчера против Фиорентина, ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено. Со помош на лекарскиот тим и во слозни еден од најталентираните дефанзивци не само во Италија туку…