Day: June 7, 2024
-
Училишен автобус со деца без родители излета од патот во Сирија, најмалку седум загинати
Најмалку седум лица се удавија, а 20 се повредени, од кои повеќето деца, кога училишен автобус излетал од патот и паднал во река во северозападна Сирија, соопштија локалните власти, пренесува „Еј-би-си њуз“. Несреќата се случила во близина на градот Даркуш, западно од градот Идлиб, кога автобусот паднал во реката Оронтес. Спасувачките тимови околу шест часа…
-

САД ја охрабруваат Кина да се приклучи на мировниот самит во Украина
САД ја охрабруваат Кина да присуствува на планираниот самит за мир во Украина овој месец во Швајцарија, и покрај најавата на Пекинг дека нема да учествува бидејќи Русија не е поканета, изјави денеска за новинарите портпаролот на Стејт департментот. – Ние секако би ја охрабриле Кина да учествува на тој самит. Тие присуствуваа на претходните…
-
Агенциите во САД истражуваат краставици, 54 лица завршиле во болница поради салмонела
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) истражува дали консумирањето краставици довело до пораст на случаите на салмонела низ целата земја, при што 54 лица се хоспитализирани. Агенцијата во средата објави дека податоците покажуваат оти „заразените“ краставици би можеле да бидат причина за 162 инфекции со салмонела. Засега не се пријавени смртни случаи. Производителот на…
-
Потер се враќа во Брајтон?
Грем Потер е кандидат за нов менаџер на Брајтон, пренесуваат британските медиуми. Потер (49) беше менаџер на Брајтон од 2019 до 2022 година, кога реши да ја прифати понудата од Челси да се пресели на „Станфорд Бриџ“, каде не се прослави. Тој беше на клупата на сините од септември 2022 до април 2023 година, а…
-
Речиси распродадени картите за 58. МТФ „Војдан Чернодрински“, вечерва започнува со „Хеда Габлер“ на Драмски
Голем интерес владее за влезниците за речиси сите 11 претстави што се селектирани на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе биде отворен вечерва. Редици прилепчани од првиот ден кога беа пуштени влезниците во продажба, покажаа голем интерес за својот фестивал и можноста да ја видат најновата продукција. Поголемиот дел од претставите од…
-
САД го повикаа Израел да биде целосно транспарентен по нападот врз училиштето на ОН
Соединетите Држави повикаа на истрага за смртоносниот израелски воздушен напад врз училиште управувано од Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во централна Газа и му порачаа на Израел дека мора да биде целосно транспарентен. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер изјави дека дури и ако израелската војска имала намера да ги таргетира милитантите…
-
Без струја Карпош, Бутел и Сопиште
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Карпош и Сопиште. – Од 09:00 до 11:00 часот, дел од корисниците на улица Александар Урдаревски, околу ресторан Бон Бон…
-
Западoт: Го поддржуваме планот на Бајден за прекин на огнот, Хамас треба да го прифати
САД, Германија, Франција и Велика Британија го повикаа палестинското исламистичко движење Хамас да го прифати планот за ставање крај на војната во Газа – неодамна претставен од американскиот претседател Џо Бајден. Во заедничкото писмо објавено од Елисејската палата вчера вечерта, се вели дека тие земји целосно го поддржуваат сеопфатниот предлог. На маргините на комеморацијата на…
-
Сончево и топло, максималната температура до 35 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, во југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35…
-
(Видео) Бостон го згази Далас на стартот од финалето
Бостон Селтикс ги победија Далас Маверикс со 107:89 во првиот натпревар од финалето на НБА. Селтикси ги збришаа Маверикс на отворањето на серијата, испраќајќи силна порака до тимот на Џејсон Кид. Лука Дончиќ го испорача своето, постигна 30 поени, 12-26 од поле, но имаше само една асистенција, што само покажува дека Бостон не му дозволи…