(Видео) Кражба во програма во живо: репортерот се јави од плажа, а камерата го сними шокантниот момент

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На социјалните мрежи кружи видео од Грција кое шокираше многу корисници.

На една плажа, среде бел ден, непознат млад човек и пришол на една повозрасна госпоѓа, со молскавичен потег ѝ го грабнал ланчето од вратот и побегнал.

Инцидентот е уникатен, бидејќи се случил пред камера и репортер на телевизија!

Новинарот се приклучи во програма, а потоа снимателот ја помести камерата за гледачите да видат прекрасна панорама.

Сигурно не очекувал да го сними моментот кога крадецот ѝ приоѓа на жртвата и ѝ го краде ланчето.

Засега не се знае дали полицијата успеала да го идентификува и уапси.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK