Day: June 10, 2024

  • Пантер го напушта Партизан, се договорил со Макаби

    Капитенот на Партизан, Кевин Пантер ќе го напушти клубот од Белград и покрај тоа што има договори и за следната сезона. Спортклуб, повикувајќи се на свои извори објави дека Пантер постигнал договор со Макаби Тел Авив. Пантер е првиот странец капитен во историјата на клубот. „После три сезони дојде време Партизан и Кевин Пантер да…

  • Грција се подготвува за првиот топлотен бран годинава: зголемена опасноста од пожари

    Грција се подготвува за првиот топлотен бран годинава, кој според најавите треба да започне утре, вторник, со температури над 40 степени и „многу висок“ ризик од пожари, најави денеска министерот за климатски кризи Василис Кикиљас. Врвот ќе биде во среда и четврток, а „опасноста од пожари ќе биде многу висока во значителен дел од Грција“,…

  • Хамас: Коментарите на Блинкен покажуваат пристрасност кон Израел, тоа е пречка за мирот

    Високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, изјави за Ројтерс дека коментарите на американскиот државен секретар Eнтони Блинкен за примирјето во Газа се „пристрасни кон Израел“ и дека таквиот став е пречка за постигнување договор за прекин на огнот. „Говорот на Блинкен за време на неговата посета на Египет е пример за пристрасност кон Израел…

  • Маричиќ: Поврзувањето на регионот преку Берлинскиот процес е основа за креирањето на вистинските енергетски политики

    Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања учествуваше на отворањето на Македонскиот енергетски форум МЕФ 2024 кој оваа година се оддржува по седми пат. Воведната сесија на форумот со наслов ,,Декодирање на деценијата” беше посветена на значењето на Берлинскиот процес во однос на регионалната соработка , енергетската криза и транзицијата кон обновливи енергии.…

  • Авионот со потпретседателот на Малави исчезна од радарот: армијата започна итна операција

    Авионот со потпретседателот на Малави и уште девет патници исчезна од радарот откако во понеделникот го напушти главниот град Лилонгве. Претседателот Лазарус Чаквера нареди операција за пребарување и спасување откако претставниците на воздухопловните сили не можеа да стапат во контакт со авионот. Според Би-Би-Си, Чаквера го откажал и планираниот лет до Бахамите. Засега не се…

  • Ридигер и Филкруг се фатиле за гуша, соиграчите спречиле физичка пресметка

    Антонио Ридигер и Никлас Фулкруг за малку ќе се степаа на денешниот тренинг на германската репрезентација во пресрет на Европското првенство. Оваа вест прв ја објави „Билд“, а ја потврдија и бројни други медиуми и германски фудбалски инсајдери. Како што наведуваат сите, тепачка спречиле соиграчите. Фудбалерите на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд на тренингот неколку…

  • Павел: Невозможно е да се игнорира растот на поддршката за „екстремистите“ во ЕУ

    Претседателот на Чешка, Петр Павел, на својот X профил ги коментираше резултатите од изборите за Европскиот парламент, велејќи дека е невозможно да се игнорира растот на поддршката за „екстремистите“ во ЕУ, каде што веројатно десничарските партии ќе имаат мнозинство. „Сепак, верувам дека главната вредносна ориентација на Европската унија, насочена кон безбедноста или демократијата, нема да…

  • Македонија загуби во Чешка – Судијата ги честеше Чесите со два пенали

    Македонија загуби 2:1 (0:0) од Чешка во Храдец Карлов, во натпревар кој за домашната селекција беше генералка пред стартот на Европското првенство. Чеси до победата дојдоа со два гола, од симнителни пенали, вториот досуден во 98.минута. Македонската репрезентација беше инфериорна во текот на целиот натпревар, но не заслужи пораз. Чесите апсолутно издоминираа во првото полувреме,…

  • Медведев: Шолц и Макрон на ѓубриштето на историјата

    Изборите за Европскиот парламент, на кои силите спротивставени на сегашното раководство на Франција и Германија извојуваа убедлива победа и ги испратија германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон „во ѓубриштето на историјата“, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на X. Според Медведев, изборите за ЕП „ја претставуваат неспособната, идиотска,…

  • Финска: Руски воен авион влезе на 2,5 километри во нашите граници

    Руски воен авион рано утринава го нарушил финскиот воздушен простор, навлегувајќи околу 2,5 километри во финските граници, соопшти финското Министерство за одбрана. „Нарушување на границите во траење од две минути се случи во Финскиот залив на истокот на земјата“, соопшти министерството. „Сериозно го сфаќаме можното нарушување на територијата и веднаш започнавме истрага“, рече финскиот министер…