Day: June 11, 2024
-
Девет пожари на отворено во изминатото деноноќие, дел од нив во Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба
Девет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба (заради запалено ѓубре); Радовиш кај нас. Дамјан, Штип, кај „Авто Чајка“ и во Желино, кај с. Чифлик (заради запалена ниска вегетација); Тетово кај…
-
Француските левичарски партии најавија заеднички настап на парламентарните избори
Левичарските опозициски партии во Франција ветија дека ќе номинираат заеднички кандидати на претстојните парламентарни избори што ги распиша претседателот Емануел Макрон, откако неговата партија Преродба претрпе пораз од екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент. Француските социјалисти, зелените, комунистите и порадикалната партија Неосвоена Франција повикаа во изјава за…
-
Автобусот излетал од патот во Лазаревац, има неколку повредени
Шест лица се повредени на територијата на општина Лазаревац кога автобус на Ласта излетал од патот, потврдија за РТС од сообраќајната полиција. Несреќата се случила околу 7 часот и 30 минути. Повредените со брза помош биле пренесени во ургентниот центар.
-
Лавров: Западот се обидува да наметне свој поредок во светот
На состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на БРИКС во Нижни Новгород, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека последните настани на глобалната сцена го откриле „вистинското лице на Западот, кој се стреми да го наметне својот поредок во светот”. „Неодамнешните меѓународни настани ги демаскираа оние кои досега вербално го…
-
Јужнокорејската армија истрела предупредувачки истрели кон 20 севернокорејски војници
Јужнокорејската армија истрелала серија предупредувачки истрели кон околу 20 севернокорејски војници кои најверојатно по грешка ја нарушиле меѓукорејската граница, соопшти денеска Генералштабот во Сеул (ГШ). Според извештаите, околу 12:30 часот по локално време во неделата, околу 20 севернокорејски војници накратко ја преминале демаркационата линија во демилитаризираната зона во централниот дел на границата, а потоа се…
-
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Веили во Кина
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди округот Веили во кинеската автономна ујгурска провинција Ксинџијанг, соопшти Кинескиот центар за земјотреси (CENC). Земјотресот се случил на длабочина од 20 километри, јавува агенцијата Ксинхуа. Локалните власти соопштија дека засега нема извештаи за повредени.
-
Без струја делови од општините Центар и Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе бидат делови од општините Центар и Карпош – од 08:00 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе останат дел од булеварот Партизански одреди, од раскрсница со улицата Ленинова…
-
Сончево и многу топло со мала локална облачност и температури до 39 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. UV=8 Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе…