(Видео) Медицинските лица ги објавија деталите за човекот кој се самозапали во Загреб: „Вакво нешто не сме имале со години“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претставници на Клиниката за трауматологија на КБЦ „Сестрите на милосрдието“ во Загреб соопштија дека човекот кој се самозапали пред хрватската Влада е во животна опасност.

„И покрај брзата реакција на итните служби, и покрај навремено спроведените итни мерки на интензивно лекување, животот на пациентот е во опасност поради природата и обемот на повредите. Го следиме неговиот развој, сместен е во делот за интензивно лекување на Одделот за изгореници“, рече д-р Видовиќ.

„Тој има изгореници од четврти степен на речиси целото тело. Дури има и ендо изгореници“, додаде Видовиќ.

„Прогнозата е лоша, но да му дадеме шанса на човекот да преживее. Ќе направиме се што е можно денеска да го спасиме човекот“, рече д-р Видовиќ.

Станува збор за маж кој има 67 години.

„Често наидуваме на изгореници, но вакво нешто немаме со години“, изјави Видовиќ и ја пофали брзата реакција на итната помош.

Мажот моментално е без свест, интубиран и го згрижуваат тројца лекари.

„Тоа е многу сериозна ситуација“, рече Давор Вагиќ, директор на КБЦ „Сестрите на милосрдието“.

„Им благодарам на колегите кои беа тука и му помогнаа на Одделот за изгореници“, изјави Вагиќ.

„Апсолутно беше направено се за да му се помогне што е можно поскоро“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK