Author: Trpe
-
Барела го продолжи договорот со Интер
Фудбалерот на Интер, Николо Барела го продолжи договорот со клубот до 2029 година. 27-годишниот играч од средниот ред беше еден од клучните играчи на Симоне Инзаги во текот на минатата сезона кога Интер ја освои титулата во Италија. Одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, 37 во Серија А и постигна два гола. Барела пристигна во…
-
ОН: Насилството врз децата во воени конфликти достигнa исклучително високо ниво во 2023 година
Насилството врз децата во конфликтите ширум светот достигна екстремно високи нивоа во 2023 година, вклучително и невиден број на убиства и повреди на деца, од Појасот Газа до Судан, Мјанмар и Украина, предупредија Обединетите нации во најновиот извештај. ОН наведуваат дека во текот на 2023 година, 1.721 сериозни прекршување на правата на 1.526 деца биле…
-
Израел: Хамас го отфрли предлогот за примирје
Хамас го отфрли предлогот за договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот што го претстави американскиот претседател Џозеф Бајден на крајот на минатиот месец, пишува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на неименуван израелски функционер. „Израел преку посредник доби одговор од Хамас. Како одговор, Хамас го отфрли предлогот на претседателот Бајден да ги ослободи…
-
Украина под узбуна, издадено предупредување за воздушен напад
Русија рано утринава изврши воздушен напад врз Киев, објави воената администрација на главниот град на Украина на апликацијата за пораки Телеграм. Неколку експлозии се слушнале во и околу Киев, објавија очевидци на Ројтерс. Во цела Украина беше издадено предупредување за воздушен напад, нешто по два часот по полноќ. Еден цивил загина, а три лица се…
-
Рекордерот Роналдо: Знаеме дека можеме да го освоиме ЕП
Португалија, во генералната проба пред почетокот на Европското првенство, ја победи Република Ирска со 3:0. Натпреварот во Авеиро го обележа ветеранот Кристијано Роналдо. Откако првиот гол го постигна Жоао Феликс, Роналдо со два гола во второто полувреме ја запечати судбината на Ирците. Роналдо го подобри својот рекорд, во дресот на националниот тим дојде до бројката…
-
Почина човекот кој се самозапали на плоштадот во Загреб
Човекот кој се самозапали на плоштадот Свети Марко во Загреб почина на Клиниката за трауматологија, пренесуваат медиумите од соседството. „Машкото лице кое се самозапали во Загреб и беше згрижено на Клиниката за трауматологија на одделението за интензивна нега, почина од повредите и покрај напорите на лекарите“, соопштија од болницата. Претходно изјавија дека се здобил со…
-
(Видео) Активисти за правата на животните го вандализираа портретот на британскиот крал Чарлс
Активистите за правата на животните го вандализираа првиот официјален портрет на британскиот крал Чарлс, кој моментално е изложен во галерија во Лондон. На 11 јуни, групата „Animal Rising“ објави видео на социјалната мрежа X, на кое се гледаат двајца активисти како ставаат две налепници со валјак над портретот на британскиот крал, кој е изложен во…
-
Здравството е пред колапс, не смее лекарите и учителите да зависат од партиите и од тоа кој ќе победи на избори: порака од панел дискусијата на „Замисли“
Тргање на партиските раце од здравството и конечно воспоставување на мерит систем при вработувањата во болниците, е заедничката клучна порака од денешната панел дискусија што ја организираше Граѓанската сила „Замисли“, со поддршка на Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ и Европската фондација за демократија – ЕЕД. Јавното здравство е пред колапс, а младите и квалитетни…
-
Мајка физички ги нападнала малолетните синови во Чаир: случајот го пријавил поранешниот сопруг
Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје, 44 – годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Чаир, неговата поранешна сопруга А.М. физички ги нападнала нивните два малолетни сина. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-
Мајка го фрлила бебето од трет кат: го исфрлила девојчето во корпата за мачка во Берлин
Мајката (41) наводно ја ставила својата едногодишна ќерка во корпа за мачка и ја фрлила низ прозорецот од третиот кат, пренесува „Билд“. Сè се случило во една станбена зграда во Берлин. Инспекторите претпоставуваат дека жената, родум од Чешка, била очајна. Во понеделникот околу 13 часот, тинејџер слушнал плач од корпа за мачки што лежела на…