Author: Trpe

  • Хезоња останува во Реал

    Марио Хезоња ќе остане во Реал Мадрид. Капитенот на репрезентацијата на Хрватска, во финишот на сезоната се поврзуваше со својот поранешен клуб Панатинаикос. Хезоња, секгаш кога се зборуваше за неговата иднина потенцираше дека сака да има поголема улога во тимот. Тоа и го доби во финишот на сезоната. Поради тоа решил да прифати нов двегодишен…

  • Захарова: САД нема да можат да ја избегнат одговорноста за нападите врз Русија со американско оружје

    Официјален Вашингтон нема да може да ја избегне одговорноста што и дозволила на Украина да користи американско оружје за напади врз цели на територијата на Руската Федерација, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. „Нема да можат да ја избегнат одговорноста користејќи лаги и лицемерие“, рече Захарова на брифинг со новинарите,…

  • Гаши и Мицкоски го прекршија Деловникот и несериозно доставија измени на законот за реорганизација синоќа во 23 часот, обвини Мециновиќ

    Пред почетокот на денешната седница на која ќе се расправа за прелог законот кој предвидува реорганизација на владините институции, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, ги обвини претседателот на Собранието Африм Гаши и мандатарот Христијан Мицкоски дека го прекршиле Деловникот и покажале несериозност оти доцна синоќа испратиле измени во текстот на законот. Мециновиќ потсети дека шестемина…

  • Вечерва во Музејот на современа уметност се отвора самостојна изложба на Албан Муја

    Вечерва, во 20 часот, во Музејот на современа уметност – Скопје ќе биде отворена самостојната изложба „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста“ на Албан Муја. Куратор на поставката е Владимир Јанчевски. Албан Муја (1980, Република Косово) создава видео инсталации, филмови, цртежи, слики, фотографии и јавни уметнички дела под влијание на тековните процеси на…

  • Патник падна во автобус во Скопје, тешко е повреден

    Вчера на улицата Димитриј Чуповски во Скопје, при кочење на приватен автобус за јавен превоз, паднал патникот Р.М.(74) од Скопје и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид.

  • Граната од Првата светска војна најдена во Битола

    Вчера при ископ во место викано „Стара касарна” во Битола била пронајдена експлозивна направа. Увид бил извршен, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување направата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за топовска граната со калибар 75 мм по потекло од пред Првата светска војна.

  • Приведен државјанин на Косово поради поткуп на Долно Плаце

    Полицијата го приведе Б.П.(42) од Косово на Граничниот премин Долно Блаце, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При пасошка и гранична контрола на патничкото возило „опел зафира“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, со документите дал пари како поткуп за да му се дозволи на неговиот сопатник К.С.(25) од Република Турција, кој…

  • Продолжува потрагата по британскиот новинар кој исчезна во Грција

    Продолжува потрагата по британскиот новинар и доктор Мајкл Мозили, кој исчезна додека беше на одмор на грчкиот остров Сими, а утрово во потрагата беше вклучен и хеликоптер. Мозли, познат по неговите ТВ-емисии и поткастот на BBC Radio 4, Just One Thing, последен пат бил виден во средата, јавува „Би-би-си“. Британскиот новинар се прошета кон центарот…

  • Само 10 возачи во Ф1 имаат тим за наредната сезона

    Само три тима ги комплетираа поставите за натпреварувачката 2025, во шампионатото на Формула. Ова кажува дека не очекува интересен преоден рок. Ред Бул го продолжи договорот со Серхио Перез, што значи дека тој и понатаму ќе му биде тимски колега на Макс Ферстапен. Од претходни е познато дека Ландо Норис и Оскар Пјастри ќе продолжат…

  • Орбан: Се наоѓаме на неколку сантиметри од точката од која нема враќање

    Унгарија мора по секоја цена да се држи настрана од мисијата на НАТО во Украина, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден ден откако генералниот секретар на Алијансата изјави дека нема планови за испраќање војници во оваа земја разурната од војна. Тој во интервју за јавното радио рече дека Будимпешта нема ни да учествува во…