Author: Trpe
-

Украина: Прекрасно изгоре, уништивме ракетен систем во Русија со западно оружје
Украинските власти соопштија дека вчера успешно го погодиле рускиот ракетен систем „С-300“ користејќи оружје испорачано од Запад. Системот бил лоциран на руска територија, пишува CNN. „Прекрасно изгоре. Тоа е руски „С-300“, на руска територија. И во првите неколку дена по дозволата за употреба на оружје испратено од Западот на непријателска територија“, објави на Фејсбук министерката…
-

Америка: Единственото нешто што спречува итно примирје е Хамас
Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер рече дека предлогот за прекин на огнот во Газа што го претстави американскиот претседател Џозеф Бајден е „речиси идентичен со оној што Хамас рече дека ќе го прифати пред само неколку недели“ и додаде дека „единственото нешто што го спречува прекинот на огнот“ е Хамас. Тој додаде дека Америка…
-

Казни за 114 возачи во Скопје, 13 без возачка
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за користење мобилен телефон при возење.…
-

ВМРО-ДПМНЕ: Стани Цаци, Јово грант, доктор тендер корона Филипче-нема кандидат за претседател на СДС кој не е поврзан со криминал
„Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани Цаци и Јово грант. Нема кандидат за претседател на СДС кој не е поврзан со криминал или неспособност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека Венко Филипче ќе остане запаметен како човекот кој како министер во ек…
-

Американскиот амбасадор во Бугарија за македонско-бугарското прашање: „Не поддржуваме дијалог кој промовира дискриминација, омраза или непријателство“
„Ние не поддржуваме дијалог кој промовира дискриминација, омраза или непријателство, покажана од која било земја кон соседните земји или заедници во земјата“, ова во интервју за бугарски медиум го изјави американскиот амбасадор во Бугарија, Кенет Мертен, запрашан за македонско-бугарското прашање. „Ние не поддржуваме дијалог кој промовира дискриминација, омраза или непријателство, покажана од која било земја…
-

Земјотрес ја погоди Швајцарија
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Швајцарија, објавено е на веб-страницата на швајцарската сеизмолошка служба. Земјотресот се случил во 2 часот и 34 минути, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри, на 32 километри југоисточно од Цирих. Швајцарската сеизмолошка служба навела дека земјотресот најверојатно го почувствувале граѓаните низ…
-

Осомничениот за убиството на малата Данка денеска пред обвинител: реши да го прекине молчењето и да се произнесе
Осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ (2), Срѓан Јанковиќ, кој се бранеше со молчење два месеци, реши да се произнесе и да го даде своето сведочење во врска со овој случај пред обвинителот денеска, ова во текот на изминатата недела го потврди неговиот адвокат Живадин Богдановиќ. Срѓан Јанковиќ, кој управувал со автомобилот кога девојчето…
-

Турист во Италија уништил фрески стари речиси 2000 години
Холандски турист уништил ѕид со фрески во античка римска куќа во Херкуланеум, во близина на Неапол, оштетувајќи ја зградата што ја преживеала вулканската ерупција на Везув во 79 година од нашата ера, соопшти денеска италијанската полиција. Во соопштението на полицијата се вели дека 27-годишниот турист бил брзо идентификуван откако вработените во археолошкиот локалитет откриле графити…
-

Кристоферсен: НАТО има две до три години да се подготви за одбрана од Русија
Началникот на Генералштабот на норвешката армија, генерал Еирик Кристоферсен денеска изјави дека НАТО има две до три години да се подготви за одбрана пред Русија повторно да биде во можност да изврши конвенционален напад. „Во еден момент некој рече дека ќе ни требаат 10 години, но мислам дека се работи за помалку од 10 години…
-

Уапсени 18 лица во Полска: планирале непријателски активности во име на Русија, вклучувајќи и убиство на Зеленски
Полските власти уапсија 18 лица под сомнение дека планирале непријателски активности и саботажи во име на Русија и Белорусија, вклучувајќи го и убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Томаш Сјемоњак. Полските власти поврзаа некои неодамнешни подметнати пожари или обиди за подметнување пожари со агенти спонзорирани од Русија. Меѓу уапсените…