Mindblown: a blog about philosophy.
-
Агелер го пофали Мицкоски на енергетскиот форум: Вашето присуство дава многу важна порака за навигација на енергетскиот пејзаж
Енергетската сигурност и зелената енергија се два суштински приоритета што треба да ги надминат партиските политики, рече денес амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Агелер, во обраќањето на седмиот Македонски енергетски форум. Таа нагласи дека енергетската сигурност и зелената енергија како приоритети се од витално значење и за земјата и за регионот. Агелер смета дека…
-
Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на главниот панел на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Берлин, во рамки на учеството на Конференцијата за обнова на Украина се обрати на главниот панел за шефови на држави и влади на кои говореа и домаќините на конференцијата, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, а свое обраќање имаше и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон…
-
Саутгејт ќе замине ако не ја освои европската титула
Герет Саутгејт, селекторот на Англија најави дека речиси сигурно ќе го напушти кормилото на репрезентацијата доколку не ја освои титулата европски првак во Германија. „Ако не победиме, веројатно повеќе нема да бидам на оваа позиција. Можеби ова е последна шанса. Сигурно половина од тренерите ќе си заминат по ЕП. Таква е нашата работа“, рече Саутгејт.…
-
Загина потпретседателот на Малави
Потпретседателот на Малави Саулос Чилима (51) и уште девет лица загинаа во авионска несреќа, соопшти денеска претседателот на таа африканска земја Лазарус Чаквера. Остатоците од воениот авион со потпретседателот Чилиму се пронајдени во планинска област на северот на земјата, по еднодневна потрага, пренесе АП. За време на телевизиското обраќање до нацијата, Чаквера рече дека немало…
-
Клосе го презеде Нинберг
Мирослав Клосе, поранешниот германски напаѓач и најдобар стрелец во историјата на светските првенства, во следните две сезони ќе биде тренер на Нинберг. Клосе кој се повлече од професионалниот фудбал на крајот од сезоната 2015/16, досега беше прв тренер на Алтах во Австрија, но на клупата остана само 24 натпревари. Работеше и како асистент во Баерн…
-
Се трага по маж од Ниш, последен пат бил виден како паркира автомобил во близина на планинарски дом
Се трага по Милан Ѓорѓевиќ (41) од Ниш. Според сведочењето на семејството, Милан во моментот на неговото исчезнување носел темни панталони, бела кошула и кафени чевли. Тој е висок 185 сантиметри. Последен пат е виден синоќа кај Бојанини води во 18 часот и 30 минути во близина на планинарскиот дом каде што го паркирал автомобилот.…
-
Топлотен бран во Грција и Турција, температурите ќе се искачат до 45 степени
Маса топол воздух над северна Африка и централниот Медитеран се пробива кон исток, па од денеска до петок во Грција и Турција на места ќе предизвикаат искачување на температурите до 45 Целзиусови степени, јавува дпа. Највисоки температури се очекуваат во среда и четврток, а за време на викендот треба да се намалат, прогнозира грчката метеоролошка…
-
Во Русија започна втората фаза од вежбите на нуклеарните сили, учествува и војската на Белорусија
Во Русија почна втората фаза од вежбата на нестратешки нуклеарни сили, во која учествуваат и силите на Белорусија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. „За време на вежбата ќе бидат разработени прашања за заедничка обука на единиците на вооружените сили на Руската Федерација и Република Белорусија за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“, соопшти Министерството,…
-
Деспотовски ги повика кандидатите за претседател на СДСМ да се соочат на дебата: Охрабрува тоа што моите колеги ги промовираат клучните точки од мојата програма
Јован Деспотовски ги повика уште еднаш сите кандидати за претседател на СДСМ да му се придружат на јавна дебата на која ќе ги презентираат своите идеи и конкретни реформи. Овој повик, вели Деспотовски, доаѓа како одговор на бројните барања од луѓето од цела Македонија со кои се среќавам и зголемениот интерес од медиумите. „Нема од…
-
Израел уби 270 Палестинци во операција за спасување заложници: „Тоа можеби е воено злосторство“
Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации денеска соопшти дека убиствата на цивили во Газа за време на израелската операција за ослободување на четворица заложници од густо населената област би можеле да бидат воени злосторства. Во саботата Израел изврши копнена операција со воздушна поддршка во центарот на станбената населба Газа во областа…
Got any book recommendations?