Mindblown: a blog about philosophy.
-
Кривична против 19-годишник од Кавадарци за „одземање на дете“
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 19-годишниот С.К. од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“, извести МВР. „На 20.01.2024, пријавениот без согласност на неговата вонбрачна партнерка Б.Р.(18) го одзел нивното малолетно дете“, соопшти МВР.
-
Пожар во двор на кафеана во Кучково, нема повредени
Вчера вечер, во 20.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.00 часот во двор од угостителски објект во село Кучково, скопско, настанал пожар, извести МВР. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, додаваат од МВР.
-
Малолетник нападнат во основно училиште во Драчево
Вчера во 19.50 часот во СВР Скопје, 33-годишниот И.Б. од Скопје пријавил дека на 05.06.2024 околу 10.00 часот во основно училиште на подрачјето на Драчево, неговиот малолетен син бил нападнат од двајца малолетници, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-
(Видео) Мицкоски: Измените на Законот за организација и работа на органите во државната управа се со цел да го исполниме ветеното на изборите
Пред изборите кои поминаа ветивме функционална и ефикасна влада која ќе спроведе реформи и ќе донесе подобар живот. Суштината на овој предлог е реформи во администрацијата, а со цел да ги решиме реалните проблеми на граѓаните со ефикасни политики со одлуки кои ќе донесат подобар животен стандард, повисоки плати, повисоки пензии, подобро образование, ефикасна социјална…
-
Џорџ Клуни се јавил во Белата куќа за да се пожали дека Бајден ја критикувал неговата сопруга, според „Вашингтон пост“
Американскиот актер Џорџ Клуни, наводно, се јавил во Белата куќа за да се пожали бидејќи американскиот претседател Џозеф Бајден ги критикувал правните потези на Меѓународниот кривичен суд за апсење на израелскиот премиер под обвинение за воени злосторства, случај на кој работела сопругата на Клуни, Амал. Според „Вашингтон пост“, Клуни наводно му се јавил на советникот…
-
Непалската армија на Монт Еверест собра 11 тони ѓубре, пронајде четири тела и еден скелет
Непалската армија објави дека оваа година од Монт Еверест, Нупсе и Лоца на Хималаите биле собрани 11 тони ѓубре, а биле пронајдени четири тела и еден скелет. Извршено е годишно чистење на планинскиот венец на Хималаите, објави „The Himalayan Times“. Во соопштението на непалската армија се наведува дека како резултат на 55-дневното чистење, од Монт…
-
Меси: Реал е најдобар според резултатите, не и според квалитетот на играта
Легендата на Барселона Лионел Меси, даде изјава која нема да им се допадне на навивачите на Блауграна. Аргентинскиот новинар го праша Меси дали ја следел последната сезона во која Реал Мадрид повторно доминираше, а тој рече дека тие без сомнение се најдобриот клуб во светот во моментов кога се резултатите во прашање. Сепак, Меси очигледно…
-
Драма на британскиот аеродром: Авион полн со патници едвај успеал да се крене од пистата
Авионот „Боинг 737“, кој превезувал 163 патници до Гран Канарија, едвај успеал да се крене од пистата за време на полетувањето, прелетувајќи над блискиот автопат на височина од само 30 метри. Патничкиот авион со 163 патници и девет членови на екипажот за влакно избегнал пад по драматичното полетување од британскиот аеродром. Инцидентот се случил во…
-
Пред 31 година загина Дражен Петровиќ
Пред точно 31 година, на 7 јуни 1993 година, во сообраќајна несреќа во Германија загина кошаркарскиот Моцарт, Дражен Петровиќ. Легендата на светската кошарка, ден пред трагичната несреќа играше квалификациски натпревар во Полска за репрезентацијата на Хрватска. Петровиќ по турнирот реши да се врати дома во Загреб со автомобил, со својата нова девојка Клара Саланти и…
-
Поддршка за млади таленти: Пријавете се за стипендија од Фондацијата МК2025!
Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации за стипендии во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ за тековната 2024/2025 година. По успешноста на пилот-проектот за стипендии во 2019/2020 година, Фондацијата МК2025 обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и оваа…
Got any book recommendations?