Mindblown: a blog about philosophy.

  • Дејвид Бекам фотографиран со својата 12-годишна ќерка

    Фудбалерот минатиот викенд беше фотографиран на фудбалски натпревар во Форт Лодердејл, Флорида со неговата 12-годишна ќерка Харпер. Познатиот фудбалер е снимен како ја гушка ќерка си и и праќа бакнежи, но обожавателите се пожалија дека неговото однесување не е соодветно и дека мора да сфати дека ќерка му расте. „Бекам треба да разбере дека неговата…

  • Зеленски: Светот е премногу исплашен да му одговори на Путин со сила

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово во францускиот парламент изјави дека Европа е континент во војна и дека Русија нема да ја запре својата агресија на границите на Украина. „Живееме во време кога Европа, за жал, повеќе не е континент на мирот“, рече Зеленски во обраќањето пред француските претставници. „Уште еднаш, европските градови се уништуваат и…

  • Гутереш ги предупредува Израел и Либан: Веднаш прекинете ги операциите, ова може да предизвика конфликт со разорни последици

    Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди на ризикот од избувнување на поширок конфликт долж израелско-либанската граница и повика на прекин на непријателствата долж демаркационата линија меѓу Либан и Израел. „Со оглед на тоа што продолжува размената на оган долж демаркационата линија, генералниот секретар ги повторува своите повици до двете страни веднаш да го…

  • Експлозија во Романија, повредени најмалку 13 лица

    Експлозија во Романија, повредени најмалку 13 лица

    Најмалку 13 лица се повредени денеска во експлозија во трговски центар во североисточна Романија, соопштија локалните власти. Еден од повредените е во тешка состојба и е интубиран, а 10 се со различни трауматски повреди и изгореници и добиле лекарска помош, пренесува АП. Мобилна единица за интензивна нега е испратена на местото на експлозијата во градот…

  • Хезоња останува во Реал

    Марио Хезоња ќе остане во Реал Мадрид. Капитенот на репрезентацијата на Хрватска, во финишот на сезоната се поврзуваше со својот поранешен клуб Панатинаикос. Хезоња, секгаш кога се зборуваше за неговата иднина потенцираше дека сака да има поголема улога во тимот. Тоа и го доби во финишот на сезоната. Поради тоа решил да прифати нов двегодишен…

  • Захарова: САД нема да можат да ја избегнат одговорноста за нападите врз Русија со американско оружје

    Официјален Вашингтон нема да може да ја избегне одговорноста што и дозволила на Украина да користи американско оружје за напади врз цели на територијата на Руската Федерација, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. „Нема да можат да ја избегнат одговорноста користејќи лаги и лицемерие“, рече Захарова на брифинг со новинарите,…

  • Гаши и Мицкоски го прекршија Деловникот и несериозно доставија измени на законот за реорганизација синоќа во 23 часот, обвини Мециновиќ

    Пред почетокот на денешната седница на која ќе се расправа за прелог законот кој предвидува реорганизација на владините институции, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, ги обвини претседателот на Собранието Африм Гаши и мандатарот Христијан Мицкоски дека го прекршиле Деловникот и покажале несериозност оти доцна синоќа испратиле измени во текстот на законот. Мециновиќ потсети дека шестемина…

  • Вечерва во Музејот на современа уметност се отвора самостојна изложба на Албан Муја

    Вечерва, во 20 часот, во Музејот на современа уметност – Скопје ќе биде отворена самостојната изложба „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста“ на Албан Муја. Куратор на поставката е Владимир Јанчевски. Албан Муја (1980, Република Косово) создава видео инсталации, филмови, цртежи, слики, фотографии и јавни уметнички дела под влијание на тековните процеси на…

  • Патник падна во автобус во Скопје, тешко е повреден

    Вчера на улицата Димитриј Чуповски во Скопје, при кочење на приватен автобус за јавен превоз, паднал патникот Р.М.(74) од Скопје и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид.

  • Граната од Првата светска војна најдена во Битола

    Вчера при ископ во место викано „Стара касарна” во Битола била пронајдена експлозивна направа. Увид бил извршен, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување направата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за топовска граната со калибар 75 мм по потекло од пред Првата светска војна.

Got any book recommendations?