Mindblown: a blog about philosophy.
-

Во МНТ репризно ќе се одигра балетот Чиполино
Во среда, 5 јуни, со почеток во 19:00, на големата сцена во Македонскиот Народен Театар, репризно ќе се изведе Балетот Чиполино, во продукција на Bullfrogs Ballet. Премиерата на Чиполино се изведе во јуни минатата година, во полниот салон на МНТ. „Чиполино“, или „Момчето кромид“ е балет создаден по мотивите на бајките на Џани Родари, кој…
-

Масовно труење во Грција: девет деца примени во болница, кај двајца пронајдена салмонела
Над 100 луѓе, меѓу кои дури девет деца, завршија во болница поради гастроинтестинални проблеми наводно поврзани со консумирање вода за пиење во различни делови на Грција. Девет деца се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, а еден маж завршил на Одделот за интензивна нега. Здравствените служби се во состојба на готовност откако дознаа дека водата…
-

Во Индија се измерени 52,3 степени, на избирачките места починаа 33 работници
Немилосрдниот топлотен бран во Индија усмрти најмалку 33 работници на избирачките места во државата Утар Прадеш, соопштија локалните власти, додавајќи дека нивните семејства ќе добијат отштета од 18.000 долари. Изборите во Индија започнаа на 19 април, а последната фаза од изборите се одржа на 1 јуни, пишува Си-ен-ен. Според упатствата на Изборната комисија на Индија,…
-

(Видео) Русите по две години ослободија млада Украинка: „Ја мачеа, ја изгладнуваа“
Во рамките на 52-та размена на воени заробеници, Русите ја ослободија Маријана Чечељук, 24-годишна полицајка на Националната полиција на Украина (НПУ) од Мариупол. Таа беше во заробеништво повеќе од две години. По почетокот на инвазијата на Украина, Маријана и нејзината помлада сестра се сокриле во фабриката за челик Азовстал, пишува Украинска Правда. View this post…
-

ДС: Брза промена на надлежностите на некои министерства, за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата
Демократскиот сојуз смета дека промената на надлежностите на некои министерства и формирањето нови треба да се одвива со брзо темпо за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата. „Сведоци сме на целосно разградени институции и нивна неефикасност и разнебитеност. Најеклатантен пример е Министерството за здравство, каде Клиничкиот центар е…
-

(Видео) Доаѓа серија базирана на една од најпопуларните игри на денешницата
Не само што доаѓа филм за Minecraft следната година, туку сега е објавено дека се планира и анимирана серија базирана на видео играта. Minecraft беше објавен пред 15 години, а стриминг сервисот реши да направи анимирана серија која ќе биде адаптација на оваа ултра популарна игра. „Ова ќе биде оригинална приказна со нови ликови и…
-

Секоја идеја звучи лудо на почеток – Стартап-финансирање на малите бизниси во ХалкБанк
Малите бизниси се столбот на економијата, но тие често се борат да ги обезбедат потребните финансии за да растат и да напредуваат. Традиционалните финансиски институции имаат строги барања и долги процеси на одобрување, оставајќи многу перспективни бизниси без поддршката што им е потребна. Поради тоа, потребни се флексибилни финансиски решенија, кои нудат различни опции за…
-

Приведен разбојник во Гостивар за издржување шестгодишна затворска казна
Денеска во 03.30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 36-годишниот Е.Ш. од Гостивар, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, извести МВР. Лицето…
-

(Видео) Јужна Кореја планира да го суспендира воениот договор потпишан со Северна Кореја поради балоните со ѓубре
Јужна Кореја планира да го суспендира воениот договор потпишан со Северна Кореја во 2018 година за да ги намали тензиите, соопшти претседателската канцеларија во Сеул, реагирајќи на балоните за ѓубре испратени од Пјонгјанг преку границата со Јужна Кореја. Северна Кореја испрати стотици балони преку границата кои фрлија ѓубре на Јужна Кореја, што го нарече провокација.…
-

Жители на Њујорк со магнет барале богатство, oд езеро извлечен сеф со 100.000 долари
Трагачи на богатство рекле дека додека пребарувале езеро во Њујорк со магнети, извадиле сеф во кој имало околу 100.000 долари. Џејмс Кејн и Барби Агостини во петокот фрлиле јаже со магнети во езерото во паркот Флешинг Медоус Корона во Квинс и го извлекле сефот. Кога го отвориле, внатре пронашле голема количина банкноти од 100 долари…
Got any book recommendations?