Day: June 5, 2024
-
Озан се родил на Гинекологија со 690 грама, а сега си замина дома со 2.400 – херојски ги надминал сите препреки
Во прегратките на своите родители, вчера по шест месеци престој на скопската Клиника за гинекологија, на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), во стабилна состојба и со телесна тежина од 2400 грама дома си замина уште едно предвреме родено бебе. Озан е роден на 20 декември 2023 година во 24 гестациска недела со тежина…
-
Сиљановска утре ќе му го врачи мандатот на Мицкоски
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре ќе го врачи мандатот за состав на Владата, на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти претседателскиот кабинет. ВМРО-ДПМНЕ извои убедлива победа на изборите во мај, освојувајќи 58 пратеници. Во тек се преговори за составот на новата Влада, а се очекува коалициски партнери да бидат Вреди и ЗНАМ. Владата треба да се…
-
Украина ја покани Кина да присуствува на мировниот самит во Швајцарија
Првиот заменик-министер за надворешни работи на Украина денеска ја посети Кина и ја повика да испрати делегација на самитот за Украина што ќе се одржи овој месец во Швајцарија, очигледно надевајќи се дека сè уште е можно да се убеди Пекинг да присуствува на важниот собир. Русија не е поканета да учествува на самитот кој…
-

Лога до Мицкоски: Времето кога политичките партии се однесуваа како во приватен двор заврши во 2017 година
Реакција на министерот за правда Кренар Лога на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за писмото испратено до меѓународниот фактор за „упад“ на парламентарното мнозинство во уставни и независни институции. „Времето кога политичките партии во Северна Македонија се однесуваа како во свој приватен двор заврши во 2017 година, и тоа благодарение на западната ориентација…
-
Маж најден починат во Гази Баба
Вчера во домот на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат Д.П.(50) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
-

Скопјанец грабнат од три лица и натепан во близина на гробишта, успеал да побегне
Полицијата приведе три лица кои грабнале скопјанец и го држеле против негова волја и го натепале. Приведените се на возраст од 34 до 39 години – сите од Скопје. „К.Б.(35) од Скопје на 1 јуни со патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки го однеле во близина на гробиштата во сeлото Арачиново, скопско, каде што…
-

Скопјанец се обидел да избега од полицијата, па удирл во автомобил и капијата од станицата
Полицијата доцна синоќа го привеле Д.Р.(29) од с.Марино, општина Илинден. Претходно, од улица „Јустинијан Први“ тој бил спроведен во кругот на Полициската станица Драчево затоа што управувал нерегистрирано товарно возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки со активна забрана за управување моторно возило. Во кругот на полициската станица му била дадена наредба да го препаркира…
-
Младите за Маестро Кире Костов со Камерниот оркестар од Битола – на битолската сцена на 7 јуни
Настанот ќе биде одлична можност за промоција на македонското музичко наследство, низ модел адаптиран за сите генерациски структури, со цел зачувување и негување на автентичниот македонски мелос, низ интерпретација на младите изведувачи од земјава. Во чест на богатото музичкото творештво на Маестро Кире Костов, на 7 јуни годинава ќе се одржи концертен настан во неговата…
-
Гедраитис го продолжи договорот со Црвена звезда
Литванскиот кошаркар Рокас Гедраитис го продолжи договорот со Црвена звезда на уште две сезони, потврдија од клубот. Гедраитис е еден од играчите чија соработка со тимот од Белград истекуваше на крајот од сезоната, но челниците на црвено-белите решија да го задржат кошаркарот кој сезонава веќе ја освои АБА лигата и домашниот Куп. „Рокас Гедраитис, кој…
-
Отстранет дефектот на пругата во Драчево: граѓаните да бидат трпеливи при спуштање и кревање на рампата, апелираат Македонски железници
На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, денеска во 10.43 часот била добиена пријава за проблем со сигнализацијата на пругата на ул. „Киро Фетак“ во населбата „Драчево“, Скопско. Од Секторот за операции и координација на ЦУК веднаш биле известени Македонски железници за пријавата за дефект на сигнализацијата на рампите и за нивна…