Day: June 5, 2024
-
Турција без Кабак на ЕУРO 2024
Турскиот дефанзивец Озан Кабак (24) ќе го пропушти Европското првенство во Германија, откако заработи повреда на лигаментите на коленото на пријателскиот натпревар против Италија, објави во средата Турската фудбалска федерација (ТФФ). Кабак, кој игра за германскиот прволигаш Хофенхајм, го напушти теренот на носилки во првото полувреме на ремито 0-0 на Турција со Италија во Болоња.…
-
Коалицијата „Вреди“: Бруталното претепување на кандидатот Албанец во баталјонот „Волци“ во АРМ од неговите македонски колеги е ѕвонче за тревога
Бруталното претепување на кандидатот Албанец во баталјонот „Волци“ во АРМ од неговите македонски колеги е ѕвонче за тревога, се истакнува во соопшетнието од коалицијата „Вреди“: „Овој аларм треба повеќе да ги загрижува албанските кадри во Министерството за одбрана, особено заменик министерот, сега актуелен министер Тирон Јајага, кој мора да објасни зошто се случило тоа и…
-
Чипсот со вкус на сланина ќе биде забранет за употреба во ЕУ: може да предизвика сериозни проблеми
Чипсовите со вкус на чадена сланина ќе бидат забранети ширум Европската унија, откако Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА) утврди дека популарните вкусови на вештачки чад може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Имено, ЕФСА извести дека вкусот на чадот е поврзан со генотоксичноста, односно способноста на хемикалијата да го оштети генетскиот материјал на клетките,…
-
Реорганизација на министерствата, доколку ДПМНЕ прифати една изборна единица: Левица со условена поддршка за предложените измени најавени од Мицкоски
Левица дава условна поддршка за предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа со воведување на една изборна единица. Во Собранието на Република Македонија беа поднесени измените во Законот за организација и работа на органите на државната управа, со кои се овозможува реструктуирање на министерствата и зголемување на нивниот број…
-
Почна со работа првиот приватен ветерен парк во Македонија „Богословец“, ќе обезбедува струја за над 20.000 домаќинства годишно
Денеска се одбележува значаен момент во транзицијата на Македонија кон одржлива енергија со свеченото отворање на Ветерниот парк Богословец. Овој проект вреден 61 милион евра, развиен од THOR Impex, е првиот приватен ветерен парк во земјата и може да се пофали со капацитет од 36 MW, способен да напојува со електрична енергија над 20.000 домаќинства…
-
Шпанците му го продолжија договорот на Де ла Фуенте
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Де Ла Фуенте го продолжи договорот со националниот тим до 2026 година, соопшти Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ). „РФЕФ го информираше селекторот за продолжување на соработката, како и за продолжување на соработката со неговиот стручен штаб“, се вели во соопштението на РФЕФ. Де Ла Фуенте стана селектор на Шпанија…
-
Паника во училиште во БиХ поради закана од ученик: кажал дека ќе донесе пиштол и ќе ги убие своите врсници
Во основно училиште во Живиница владеела паника поради наводна закана од ученик, кој изјавил дека ќе донесе пиштол со кој ќе ги убие своите врсници. Еден од засегнатите родители случајот го пријавил во полиција, која потврдила дека нема причина за паника. Портпаролката на полициското одделение, Аднана Спречиќ за „Клик.ба“ изјавила дека еден од родителите на…
-
Општина Илинден отпочна со изградба на фекална канализација за дел од Кадино
Општина Илинден информира дека отпочна изградбата на капиталниот проект за изградба на фекална канализација за дел од населено место Кадино. Во рамки на проектот ќе се гради примарна мрежа со припадни краци на фекалната канализација за дел од населеното место Кадино во вкупна должина од околу 3500 метри. Оваа мрежа на фекална канализација преку препумпен…
-
Мицкоски татковината ќе продолжи ја нарекува Македонија: Не очекувам талибански однос и цензурирање
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој утре очекува од претседателката Гордана Силјановска – Давкова да го добие мандатот за состав на влада, го следи нејзиниот пример кога се работи за употреба на името на земјата. Најави дека татковината во изјавите ќе продолжи да ја нарекува Македонија, без придавката која, пак, ќе ја има во институционалната…
-
Општина Гази Баба доделува 3000 денари за секое прваче
Општина Гази Баба ги повикува сите семејства кои живеат на територија на општината, а имаат запишано дете во прво одделение во општинските основни училишта да аплицираат за добивање на еднократна финансиска поддршка од 3000 денари. „Оваа мерка општина Гази Баба, ја реализира трета година по ред и истата се воведе со доаѓањето на Бобан Стефковски…