Day: June 12, 2024
-
Платформата „Икс“ воведува приватни „лајкови“, сака да го заштити имиџот на корисникот
Платформата „Икс“ („Твитер“) објави дека од денеска воведува приватни „лајкови“ како стандардна опција со цел да се заштити имиџот на корисникот. Засега оваа функција беше достапна само за претплатниците на „Премиум“. Важно е да им се дозволи на луѓето нешто да им се допадне без да бидат нападнати поради тоа, изјави неодамна извршниот директор на…
-

Посебен режим на сообраќај денеска, утре и задутре во Скопје
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 12, 13 и 14.06.2024 (среда, четврток и петок), поради одржување на министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа(ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, СВР Скопје – Единицата за безбедност на…
-
Почина Франсоаз Харди, пејачката која Мик Џегер ја нарече „идеална жена“
Една од најомилените француски кантавторки, Франсоаз Харди, почина на 80-годишна возраст. „Мама ја нема“, напиша на социјалните мрежи нејзиниот син Томас Дутронк, кој исто така е музичар. Харди се појави на музичката сцена во 1962 година, станувајќи икона која ги инспирираше Мик Џегер и Боб Дилан. Позната по нејзините меланхолични балади, таа го симболизира француското…
-
Ријана најави нов албум и ги разбесни фановите: „Ми се гади од твоите лаги“
Пејачката Ријана објави дека почнува со работа од нула на својот деветти албум, кој фановите го нарекоа „R9“, но таа одлука воопшто не им се допадна на фановите, пишува „New York Post“. „Музиката е ново откритие за мене. Повторно откривам работи. Толку долго работев на албум што ги оставив сите овие работи настрана. Сега сум…
-
Италјанските тренери се најбројни на ЕУРО 2024
Италијанските тренери се најбројни на клупите на селекциите кои ќе настапат на Европското првенство. За многумина ништо чудно, бидејќи италијанските тренери долги години постигнуваат добри резултати во Европа. Италијанските тренери се многу ценети од повеќето национални федерации, па оваа година на едно големо натпреварување имаме пет селектори од оваа земја. Лучано Спалети, ја предводи Италија,…
-
САД испраќаат уште еден ракетен систем Патриот во Украина
Соединетите Држави ќе испратат уште еден ракетен систем „Патриот“ во Украина, изјавија двајца американски претставници, одговарајќи на повиците на Киев за поголема противвоздушна одбрана поради нападите врз североисточниот регион Харков. Официјални лица рекоа дека американскиот претседател Џозеф Бајден го одобрил потегот и дека тоа ќе биде втор ракетен систем Патриот што САД и го дале…
-
Отстранета обемна дива депонија на улицата Московска во Карпош
Во текот на изминатите неколку дена, повторно е забележано зачестено одлагање отпад на јавни површини во скопската општина Карпош. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, денеска подигнаа и транспортираа приближно четири кубни метри отпад од дива депонија составена претежно од мешан комунален отпад и отпад од амбалажа и пакување, лоцирана на улицата Московска. ЈП Комунална хигиена-Скопје…
-
Гостиварец со возилото удрил во малолетник
Во текот на вчерашниот ден, во 12.55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Браќа Блажески“ во Гостивар патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(33) од гостиварска Ломница, удрило во малолетник од гостиварско Сенце. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар. Увид на…
-
Тешко повредена 82-годишна жена од Скопје: ја прегазил автомобил
Во СВР Охрид вчера во 12.50 часот било пријавено дека на ул.„АСНОМ“, патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(18) од Битола, удрило во пешак Р.Л.(82) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Л. констатирани во Специјаната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна…
-
Се преврте трактор во Виничко: возачот тешко повреден
Вчера во 12.30 часот во ОВР Виница било пријавено дека во атар на с.Лаки, виничко, при транспорт на дрва со трактор, С.Ѓ.(71) од Виница се превртел со тракторот и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница.