Day: June 12, 2024
-
Прегазена малолетничка во Струшко: во неа удрил мотоцикл и побегнал
Вчера во 18.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат во с.Октиси, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(20) од с.Октиси и малолетничка од с.Октиси, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во…
-
Макрон: Предвремените избори се единствениот пат напред
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека распуштањето на францускиот парламент и распишувањето предвремени избори е единствениот можен одговор на добрите резултати што ги постигна крајната десница на изборите за Европскиот парламент (ЕП) во неделата. Макрон на прес-конференција рече дека предвремените избори се единствениот пат напред, пренесе Ројтерс. Францускиот претседател ги повика умерените политичари од…
-
Искинати кабли, уништени огради, детските игралишта навечер се места за консумирање алкохол, Герасимовски апелира на подигање на свеста
Во текот на изминатите денови непознати сторители уништиле дел од урбаната опрема во Капиштец , Водно и Дебар Маало. Станува збор за клупа и дел од реквизити од детските игралишта „Партение Зоографски“, Славка Недиќ и новото игралиште близу т.ц Зебра. Искинати се кабли и уништени се лулашки и огради, а со тоа и оневозможена е…
-
Пронајдена првата трага на исчезнатиот маж на Сува планина
На Сува планина, недалеку од палубата за набљудување кај Бојанини води, утрово е пронајдена првата трага на Милан Ѓорѓевиќ (41), кој исчезна во понеделникот попладне. Станува збор за кутија цигари и запалка. „Полицајката нашла цигари и запалка недалеку од кривината за набљудувачката станица. Семејството на Милан потврди дека тоа е неговата запалка и цигарите што…
-
Тело на турист од Бугарија е пронајдено на албанските Алпи
Турист од Бугарија бил пронајден мртов откако се изгубил во близина на планината Језерце на албанските Алпи, објави Еуроњуз Албанија. По добиената порака од друг бугарски турист кој изгубил контакт со починатиот, започната е копнена и воздушна потрага. Во операцијата бил употребен хеликоптер на вооружените сили. По неколкучасовна потрага пронајдено е телото на бугарскиот турист.…
-
Утре и во петок локално невреме со пороен дожд и грмежи, најави УХМР
Утре во ноќните часови и во петок под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Во Скопје утре во ноќните часови и во петок, особено претпладне, ќе…
-
Французи ќе судат на отворањето на ЕУРО 2024
Клеман Турпан од Франција ја доби честа да го суди првиот натпревар на Европското првенство. Европската фудбалска унија (УЕФА), во средата објави дека Турпан ќе го суди натпреварот меѓу домаќинот Германија и Шкотска. На Турпан ќе му помагаат сонародниците Николас Дано и Бенџамин Паж, додека за четврти судија е назначен Франсоа Летисие. Во ВАР собата…
-
Одржана редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика: основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 проценти
На 11 јуни 2024 година се одржа редовна седница на ИО за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека…
-
„Политико“: Европа останува без хероин, се појави многу полоша алтернатива
Европскиот мониторинг-центар за дроги и зависност од дрога (EMCDDA) предупреди на појавата на нов синтетички опиоид, кој се произведува во Кина и масовно доаѓа преку Балтикот во Западна Европа продирајќи на пазарот на хероин и масовно убива луѓе. Дрогата наречена „нитазен“ е одговорна за нагло зголемување на смртните случаи во Естонија и Летонија минатата година…
-
Над 50 волонтери пријавени на повикот на Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
Со средба со пријавените волонтери, кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски ја започна својата изборна кампањата. Деспотовски при објавувањето на кандидатурата упати повик до сите кои искрено сакаат да придонесат и да се вклучат во промените и реформата на СДСМ. Волонтерите кои се на различна возраст и речиси од цела Македонија ги споделија своите…